• понеделник, 23 декември 2024

Официјално отворање на Јуроп Хаус во Струга

Официјално отворање на Јуроп Хаус во Струга

Скопје, 30 мај 2024 (МИА) - Шефот на Делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Дејвид Гир, денеска свечено ќе ја отвори Јуроп Хаус Струга.

Активностите поврзани со официјалното отворање, како што соопштија од Делегацијата на Европската Унија во Скопје, ќе продолжат попладне со откривање на муралот „Симбиоза“ финансиран од ЕУ, во Музејот на природата „Д-р Никола Незлобински“. Младите од Струга потоа ќе имаат можност за дружба со нивните врсници преку настан за вмрежување на отворено.

-Јуроп Хаус Струга го одржа својот прв настан на 21 март 2024 година, на Светскиот ден на поезијата. Во оваа пригода, во соработка со Струшките вечери на поезијата беше возобновена наградата „Млада Струга“. Во текот на изминатите неколку месеци Јуроп Хаус Струга успеа да ги собере младите и да им помогне да разменат идеи, се наведува во соопштението.

Растот на мрежата на Јуроп Хаус започна во Скопје во ноември 2019 година, продолжи во Крива Паланка и Струмица во февруари 2021 година, во Битола и Велес во мај и јуни 2023 година. Мрежата годинава се заокружува со отворање на Јуроп Хаус во Струга и Тетово. Отворањето на Јуроп Хаус Тетово е планирано за почетокот на следниот месец.

-Само во 2023 година, нашите Јуроп Хаус беа домаќини на околу 900 уметнички, едукативни или забавни настани за над 36.000 учесници. Проширената мрежа организираше 300 настани само во првите четири месеци од 2024 година, посочуваат од Делегацијата на ЕУ во Скопје. дма/вг/

 

Фото: МИА архива

Остани поврзан