• петок, 22 ноември 2024

Отстранување на хаварисаните возила во Општина Чаир

Отстранување на хаварисаните возила во Општина Чаир

Скопје, 11 јуни 2021 (МИА)Општина Чаир во соработка со јавното општинско претпријатие „Шкупи Вјетер“ денеска почна со отстранување на хаварисаните, оштетени и напуштени возила, приколки и слично од јавните површини на нејзина територија. 

Претходно, како што соопшти Општина Чаир, беа залепени писмени предупредувања на вкупно идентификувани 75 хаварисани возила и со тоа беше даден рок од осум дена за нивно отстранување од страна на самите сопственици. По истекот на рокот од осум дена од страна на општинските инспектори и службите на ЈОП „Шкупи Вјетер“ е направен увид и констатирано е дека 54 возила се веќе отстранети од самите сопственици.

-Со акцијата која започна денеска, ќе се отстранат останатите 21 хаварисани возила кои ќе подлежат на понатамошните процедури согласно правилникот, каде како последен чекор по истекот на 30 дена непријавување од страна на сопственикот на возилото е негово уништување на посебна локација, се наведува во соопштението. мд/рп/

Остани поврзан