• петок, 05 декември 2025

Отсекот за превенција на СВР Куманово на средба со претседатели на месни заедници за превенција од пожари

Отсекот за превенција на СВР Куманово на средба со претседатели на месни заедници за превенција од пожари

Куманово, 11 јули 2025 (МИА) - Отсекот за превенција од СВР Куманово, денеска одржа координативен состанок со надлежни претставници од локални и државни институции и претседателите на месните заедници поради алармантната состојба со пожарите во кумановско. Претседателите на месните заедници итно треба да одржат средби со месното население и да укажат на внимателност при работа со земјоделски машините е еден од неколкуте заклучоци кои беа донесени на координативниот состанок. Земјоделците треба да обезбедат противпожарни апарати за комбајните задолжително да имаат и туби со вода. Претседателите на месните заедници треба да апелираат до жителите да искосат сувата трева околу нивните имоти, сопствениците на куќи и викендички треба да направат заштитни појаси со правење бразди, до стрништата и шумите.

-Сите претседатели на месни заедници имаат обврска во наредните два дена да го известат ЕВН, доколку сметаат дека има спуштени жици од струја и екипите да ги санираат дефектите Претседателите се должни да го информираат месното населени да наполнат вода во буриња и туби, затоа што од страна ЕВН и ТППЕ беше кажано дека водата се исклучува поради ризик од човечки жртви, соопштија од оOсекот за превенција од СВР Куманово.

На состанокот, покрај претставници од отсекот за превенција при СВР Куманово присуствуваше претседателката на Советот на Општина Куманово, претседатели на месни и урбани заедници, претставници од ЈП „Национални шуми“, Дирекција за заштита и спасување и Центар за управување со кризи (ЦУК), претставници од општина Старо Нагоричане и општина Младо Нагоричане, командирот на ТППЕ – Куманово и претставници од ЕВН – Куманово. ам/дма/

Фото: МИА и општина Куманово

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан