Отпочна изградбата на улица „103“ во Јака, општина Илинден
- Во рамки на активностите за изградба на нови улици и патишта, се отпочнаа градежните работи за изградба на улица „103“ во населба Јака, во вкупна должина од 512 метри, тротоари од двете страни на улицата од 1,5 метри и широчина на коловоз од 6 метри, како и систем за зафаќање на атмосферските води од коловозот, се наведува во соопштението од Општина Илинден, што МИА го пренесува интегрално.
11 декември 2025
Во рамки на активностите за изградба на нови улици и патишта, се отпочнаа градежните работи за изградба на улица „103“ во населба Јака, во вкупна должина од 512 метри, тротоари од двете страни на улицата од 1,5 метри и широчина на коловоз од 6 метри, како и систем за зафаќање на атмосферските води од коловозот, се наведува во соопштението од Општина Илинден, што МИА го пренесува интегрално.
Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски заедно со директорите на јавните претпријатија и стручните служби изврши увид на градежните работи на терен. Тој истакна дека активностите се одвиваат во полна динамика и се врши профилирање и трасирање на улицата, како и стабилизирање на тлото, а воедно додаде дека пред овие активности се реализираа повеќе приклучоци за фекална канализација и водоснабдување на локалните објекти кои се наоѓаат долж улицата.
Општина Илинден и во наредниот период останува посветена на реализација на проектите кои се во фаза на реализација но и отпочнување на нови проекти со цел квалитетни и современи услови за живот на сите граѓани.