• понеделник, 23 декември 2024

Откриена нова, таканаречена „заспана“ црна дупка

Откриена нова, таканаречена „заспана“ црна дупка

Амстердам, 21 јули 2022 (МИА) - Научници пронајдоа црна дупка за коjaшто велат оти, за разлика од сите досега забележани - ѕвездата што ја создала црната дупка исчезнала без огромна експлозија.

Новооткриеното тело е наречено „ВФТС-243“. Други црни дупки како оваа, веќе се откриени, но научниците велат дека ова е, недвосмислено, вселенско тело од посебен вид - тн. „заспана“ црна дупка, која мирува и има маса на ѕвезда. Тимот зад откритието го доби прекарот „полиција за црните дупки“, што е последица на нивната претходна работа и сознанијата дека претпоставените бројки на црни дупки, всушност, бил погрешен и тие се многу помалку. За да ја пронајдат оваа црна дупка, истражувачите погледнале речиси 1.000 масивни ѕвезди во маглината Турантула - дел од Големиот Магеланов Облак. Тие барале ѕвезди коишто можеби имаат „придружни“ црни дупки близу себе. - Првпат, нашиот тим се собра за да пријави откривање црна дупка, наместо да ја отфрли, изјави предводникот на научниот труд, Томер Шенар од Универзитетот на Амстердам. Астрономите ја опишаа оваа црна дупка како „игла во стог сено“. Веруваат дека „заспаните“ црни дупки се релативно чести ширум Вселената, но се знае многу малку за нив, а и потврдените примери се ретки. Тешко е да се забележат делумно затоа што се во мирување. Тоа значи дека немаат многу интеракција со сѐ тоа околу нив.  си/

Остани поврзан