• понеделник, 15 јули 2024

Отворен повик за автори со креативни документарни проекти за учество на МакеКоПроДокс Форум 2024

Отворен повик за автори со креативни документарни проекти за учество на МакеКоПроДокс Форум 2024

Скопје, 6 јуни 2024 (МИА) - Отворен е повик за автори со креативни документарни проекти за учество на МакеКоПроДокс Форум 2024.  Рокот за пријавување е 15 јуни 2024 година. Пријавувањето се врши во електронска форма преку пополнување на ФОРМУЛАРОТ

Шестото издание на МакеКоПроДокс форумот ќе се одржи за време на 15-то издание на Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“, од 19 до 21 август 2024 во Скопје.

- МакеКоПроДокс форумот на Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ има за цел да развие стратешки план за зајакнување на копродукциите на документарниот филм меѓу земјите од Балканот. Форумот пречекува претставници од регионалните филмски центри, професионалци за документарен филм и 10 проекти кои се во различни фази на продукција, информира „МакеДокс“.

Можат да аплицираат продуценти/автори на документарни филмови продуцирани, копродуцирани или снимени на Балканот (Северна Македонија, Србија, Хрватска, Словенија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Албанија, Бугарија, Грција, Косово, Романија и Турција). Од  „МакеДокс“ напоменуваат дека не бараат приказната да биде снимена во регионот.

Главни критериуми за аплицирање: да е долгометражен креативен документарен филм, да е во фаза на развој, продукција или постпродукција, да е снимен, продуциран или копродуциран во регионот.

Менторскиот дел за проектите се состои од: прва групна сесија (онлајн; крај на јули), две менторски сесии (онлајн; почеток на август), пичинг сесии и еден-на-еден состаноци (Скопје, 19-20 август). Сите сесии ќе се изведуваат на англиски јазик.

Изборот на доставените проекти ќе го изврши комисија за проценка, земајќи ги предвид критериумите за подобност. Резултатите ќе бидат објавени преку е-пошта и на веб-страницата на „МакеДокс“ не подоцна од 20 јули. мд/са/

Фото: „МакеДокс“

 

Остани поврзан