• недела, 30 јуни 2024

Отворен Дизниленд Париз и највисокиот кат на Ајфеловата кула

Отворен Дизниленд Париз и највисокиот кат на Ајфеловата кула
Париз, 15 јули 2020 (МИА) - Француската туристичка индустрија денеска доби потстрек со делумното отварање на забавниот парк Дизниленд и отварањето на највисокиот кат на Ајфеловата кула за посетителите. Дизниленд Париз, најпосетениот тематски парк во Европа, е само делумно пуштен во употреба, откако беше затворен четири месеци поради корона-пандемијата. Паркот ќе работи со намален капацитет, задолжителна физичка оддалеченост и почесто чистење на просториите и дезинфицирање. Одговорните за Ајфеловата кула наведоа дека најмногу 250 лица ќе можат да бидат на највисокиот кат во исто време.  си/

Остани поврзан