• понеделник, 23 декември 2024

Отворено писмо до јавноста од претседателот на Македонскиот дипломатски синдикат

Отворено писмо до јавноста од претседателот на Македонскиот дипломатски синдикат
Скопје, 24 јули 2022 МНР ми подготви дисциплинска постапка затоа што како Претседател на МДС јавно зборував за состојбите во дипломатијата и нејзиното можеби тенденциозно уништување. Насилието, ароганцијата и заплашувањето продолжуваат кон мене и членовите на Синдикатот, но залудно. Барам ЈАВНА ПОДДРШКА од сите вас, без разлика на национална и верска припадност, заедно да се избориме да не ни го одземаат правото на гласно зборување. Јас цел свој живот и кариера ги посветив на одбрана на македонските национални интереси и сега, неколку месеци пред пензија нема да дозволам никој да ме замолчи! Дисциплинската постапка е покрената и покрај тоа што има низа прекршувања во истата на повеќе закони, дури и дел од Уставот на државата, кој толку сакаат да го споменуваат периодов! Нејсе, ова нека биде мој печат на мојата долгогодишна дипломатска кариера која ќе ја завршам за Македонија! Македонија е наша татковина, земјата моја и на моите деца! Моите пензионерски денови ќе ги уживам во прекрасните македонски места со убава македонска храна и прекрасни пријатели кои не познаваат вера и нација, туку само убаво поминати денови. Останете ми живи и здрави, секое раководство доаѓа и си заминува. Амбасадор Зоран Дабиќ, претседателот на Македонскиот дипломатски синдикат ___________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан