• среда, 20 ноември 2024

Отворена нова еко-училница во дворот на ОУ „Петар Поп Арсов“

Отворена нова еко-училница во дворот на ОУ „Петар Поп Арсов“
Скопје, 26 март 2021 (МИА) - Отворена е нова еко-училница во дворот на ОУ „Петар Поп Арсов“ во општина Карпош, што според градоначалникот Стефан Богоев ја потврдува заложбата Општината, на училиштата како и на градинките за почиста и поздрава животна средина. - Новата еко-училница изработена од еколошки материјали уште еднаш ја потврдува заложбата на општината, на училиштата и на градинките за почиста и поздрава животна средина, особено кога зборуваме за младите и вметнување на овие навики уште од млади нозе кај нив. Вакви еко-училници веќе имаме во дворовите на основните училипта „Аврам Писевски“, „Вера Циривири-Трена“, „Владо Тасевски“ и „Лазо Трповски“, а продолжуваме понатаму и во другите, изјави градоначалникот Петар Богоев. Тој додаде дека дополнително ќе следи повик за најдобро уреден двор или дел од училишен двор, кој општината ќе го објави во наредниот период, истиот според градоначалникот преку награди ќе ги мотивира наставницитите во училиштата, децата, но и родителите повеќе да вложуваат во разубавување на дворовите. - Општината и понатаму продолжува интензивно да инвестира во пректи кои што се однесуваат на заштита и напредување на екологијата и животната средина, наскоро се објавува повикот за субвенционирање за купување на нови велосипеди, а дополнително следува и реконструкција односно подигање на четири нови маалски паркови со нови тревни површини, нови системи за наводнување, ново украсно зеленило, но и нови дрвја како и јавен простор и детски игралишта во истите. Оваа сезона го обновуваме меѓублоковското зеленило повторно со нови 150 високо квалитетни веќе делумно израснати садници во срцата на населбите, информира градоначалникот. Богоев истакна дека иако пандемијата ги успорила дел од проектите, сепак продолжиле со заложбата за почист и позелен Карпош. свс/сп/

Остани поврзан