• понеделник, 01 јули 2024

Отворена Меѓународната радовишка ликовна колонија

Отворена Меѓународната радовишка ликовна колонија

Радовиш, 21 јуни 2023 (МИА) - Во Музејот на љубовта и уметноста, под покровителство на градоначалникот Ацо Ристов и Советот на Општина Радовиш, вчера е отворена осмата Меѓународна радовишка ликовна колонија.

Колонијата ја организира Здружението на ликовни уметници „РАДА-ДЛУР“ од Радовиш, а годинава учествуваат ликовни уметници од Србија и Бугарија, македонски академски сликари, како и членови на радовишкото здружение на ликовни уметници.

На отварањето беа изложени уметничките дела од претходните ликовни колонии, изложба на скулптури од М.Е.Стефанов-Карсон, а беше промовирана и книгата „Тиховање- Тихување“ од Наташа Радосављевиќ од Србија, која учествува и како ликовен уметник на колонијата. рт/дма/

Фото: Општина Радовиш

Остани поврзан