• сабота, 23 ноември 2024

Отворена изложбата „По трагите на разлевањето“ на Славица Танеска

Отворена изложбата  „По трагите на разлевањето“  на Славица Танеска

Скопје, 27 октомври 2023 (МИА) - Самостојната изложба на Славица Танеска - „По трагите на разлевањето“ синоќа беше отворена во Галеријата „КО-РА“ во Домот на култура „Кочо Рацин“ - Скопје.

Како што соопшти Домот на култура „Кочо Рацин“ - Скопје, ова е нејзина осма самостојна изложбата која претствува избор на дела од повеќе разнородни тематскки циклуси посветени на акварелот, кој уметницата го истражува подолг период.

Овој проект е поддржан од Град Скопје и од Домот на култура „Кочо Рацин“ - Скопје во рамки на Годишната програма од областа на визуелните уметности, дизајн и архитектура и во рамки на Скопје 2028 - Европска престолнина на културата.

Изложбата ја отвори Виолета Калиќ, историчар на уметноста, стручен соработник за визуелни уметности, дизајн и архитектура. 

Славица Танеска е учесник на преку 45 групни изложби од меѓународен карактер, ликовни колонии, симпозиуми, фестивали во земјата и надвор. Добитничка е на повеќе награди и признанија и автор на книгата „По трагите на времето“. Учесник е на бројни  годишни тематски изложби во Галерија „КО-РА“.

Танеска дипломира сликарство во класта на проф Благоја Маневски на Факултетот за ликовна уметност во Скопје на Универзитетот„ Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Сега е асистент од областа на визуелните уметности  на Факултетот за арт и дизајн на Европскиот универзитет во Скопје.

Дизајнот и подготовка на каталогот кон изложбата е на Славица Танеска. мд/

Фото: Дом на култура „Кочо Рацин“ - Скопје

Остани поврзан