• понеделник, 23 декември 2024

Отворање на изложбата „Допир“ на Гордана Јаневска

Отворање на изложбата „Допир“ на  Гордана Јаневска

Скопје, 5 јуни 2024 (МИА) - Самостојна изложба на слики насловена „Допир“ од Гордана Јаневска ќе биде отворена вечер во Уметничкиот центар „Арт хаб“ во Градскиот трговски центар во Скопје. На изложбата ќе бидат презентирани околу 30 слики изработени во техниката акрил на платно.

Ова е прва самостојна изложба на Јаневска во земјава, а досега своето творештво го претставила во Истанбул, Бодрум, Белград, Лондон, Форли.

Кураторката Маја Крстевска во рецензијата за сликарството на Јаневска вели дека уметницата преку своите творби, повеќето на темна основа со фигуративен приказ на портретот, фигурата на коњот или пак мртвата природа, дава впечаток на рефлекс на фаќање на сенката и преклопување на фигурата од двете страни во едно.

Изложбата ќе биде отворена до 18 јуни. дма/хс/

Фото: Уметнички центар „ Арт хаб“

Остани поврзан