Отворањето на „Супер Марио“ паркот во Јапонија повторно одложено
- Долго очекуваното пуштање на забавниот парк инспириран од Нинтендо-видеоигрите првично требаше да се случи во јули 2020 година, пред Олимписките игри во Токио. Но, како и Олимпијадата, така и
Осака, 14 јануари 2021 (МИА) - Отворањето на првиот забавен „Супер Марио“ парк повторно е одложено бидејќи Јапонија се бори со зголемен број случаи со коронавирус, објави фирмата „Јапонски универзални студија“.
„Искрено се извинуваме за непријатностите за гостите кои со нетрпение го чекаа отворањето. Датумот на отворање ќе биде одреден и објавен по укинувањето на вонредната состојба", соопшти компанијата.
Долго очекуваното пуштање на забавниот парк инспириран од Нинтендо-видеоигрите првично требаше да се случи во јули 2020 година, пред Олимписките игри во Токио. Но, како и Олимпијадата, така и отворањето на паркот беше одложено поради пандемијата, со нов датум - 4 февруари 2021.
Паркот се наоѓа во градот Осака.
Откако оваа недела Владата ја продолжи вонредната состојба во врска со коронавирусот, организаторите одлучија да го одложат отворањето на паркот по вторпат. си/сд/