• вторник, 26 ноември 2024

Осум патници заглавени на жичара над речниот кањон во Пакистан

Осум патници заглавени на жичара над речниот кањон во Пакистан

Исламабад, 22 август 2023 (МИА) - Најмалку осум лица, меѓу кои шест деца, се заглавени денеска на жичара во оддалечена планинска област во северозападен Пакистан, соопштија официјални лица.

Децата оделе на училиште со жичара кога поради проблем со сајлата застанале на висина од 365 метри.

-Гондолата ја држи кабел. Внатре има најмалку осум патници, главно ученици, изјави претставник на службите за итни случаи во провинцијата Хајбер-Пахтунхва.

Акцијата за спасување е во тек.

Жичарата е поставена над речниот кањон и ги поврзува селата во областа Батаграм. Локалните жители го користат за да ја преминат реката до блиските училишта, официјални канцеларии и продавници. мс/

фото: Pedro de Sousa за Unsplash.com

Остани поврзан