• петок, 22 ноември 2024

Осум месеци затвор поради кражбата на предмети од Бакингамската палата

Осум месеци затвор поради кражбата на предмети од Бакингамската палата
Лондон, 5 јануари 2021 (МИА) - Асистент за кетеринг од Бакингемската палата, кој украл медали и фотографии од резиденцијата на кралицата, денеска е осуден на осум месеци затвор. Адамо Канто (37) украл предмети што вклучуваат потпишани фотографии од војводата и војвотката од Кембриџ и албум со фотографии од посетата на американскиот претседател Доналд Трамп на Велика Британија, пренесува Би-Би-Си. Полицијата соопшти дека некои предмети, вредни помеѓу 10.000 и 100.000 фунти, се огласени за продажба преку Интернет. Полицијата врати „значителна количина“ украдени предмети по претресот на просториите на Канто во палатата, каде што тој работел од 2015 година. Вкупно 37 предмети беа понудени на продажба „значително под“ нивната реална вредност, а Канто заработил 7.741 фунти од тоа. ссм/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан