• петок, 22 ноември 2024

Осум македонски шахисти на Светското јуниорско првенство

Осум македонски шахисти на Светското јуниорско првенство

Монтесилвано, 13 ноември 2023 (МИА) – Италијанскиот град Монтесилвано од денеска до 24 ноември е домаќин на Светското јуниорско шаховско првенство во поединечна конкуренција на кое на машкиот и женскиот турнир ќе настапат и осум македонски натпреварувачи.

На машкиот турнир боите на македонскиот шах ќе ги бранат Теодор Јовановски и Стојан Веклоско, во конкуренција до 18 години, Никола Бошковски и Антон Златков, до 16 години, како и Малакај Насков во категоријата до 14 години.

На женскиот турнир ќе настапат Инџи Ајрадиновска до 18 години, Јована Давиткова до 16 години и Ивана Велкоска во категоријата до 14 години.

Македонските шахисти, предводени од селекторот, велемајсторот Трајко Недев, ги очекуваат 11 партии во силна конкуренција на Светското првенство. ег/

Фото: ШФМ

Остани поврзан