• петок, 22 ноември 2024

Осум лица пронајдени мртви во Оклахома, можно е да се работи за повеќекратно убиство

Осум лица пронајдени мртви во Оклахома, можно е да се работи за повеќекратно убиство
Вашингтон, 28 октомври 2022 (МИА) - Осум лица се пронајдени мртви во изгорена куќа во предградието на Тулса во американската сојузна држава Оклахома, а полицијата истражува дали се работи за повеќекратно убиство. Пожарот избил вчера во мирното предградие Броукен Ероу. Според тамошната полиција, иако се истражуваат околностите како дошло до смртта, вклучувајќи ја и можноста за потенцијално убиство, се верува дека не постои непосредна закана за јавната безбедност. Како што појасни портпаролот на полицијата Итан Хачинс, очевидци наведуваат дека во куќата живеело осумчлено семејство, две возрасни лица и шест деца, но, нивните тела засега не се идентификувани. - Се разбира, ова е шок за Броукен Ероу. Се работи за безбедно место. Броукен Ероу нема секојдневно вакви ситуации, додаде Хачинс. бд/сд/

Остани поврзан