• понеделник, 23 декември 2024

Осуммина грчки државјани заглавени во манастир во Газа

Осуммина грчки државјани заглавени во манастир во Газа

Атина, 8 ноември 2023 (МИА) – Осуммина Грци, според грчката државна телевизија ЕРТ, семејство и свештени лица, остануваат заглавени во манастирот Свети Порфириј во Газа, а Министерството за надворешни работи на Грција преку Генералниот конзулат во Ерусалим е во постојано контакт со нив, јави дописничката на МИА од Атина. 

Дипломатски извори за медиумите во Грција брифирале дека израелските власти се информирани дека грчките државјани се наоѓаат во манастирот, имињата на осумтемина Грци биле доставени и до израелските и до египетските власти, а се чека повторно отворање на преминот Рафа и можност за премин на грчки државјани, за доколку сакаат, да бидат префрлени во Египет.

Минатиот петок од Газа беа евакуирани 16 Грци. ср/сд/

Остани поврзан