• четврток, 19 декември 2024

Осуден поранешниот претседателот на Анкарагучу за напад на судија

Осуден поранешниот претседателот на Анкарагучу за напад на судија


Анкара, 11 ноември 2024 (МИА) – Поранешниот претседател на турскиот фудбалски прволигаш Анкарагучу, Фарук Коча, е осуден на затворска казна поради физички напад на фудбалски судија на крајот на 2023 година, јавија денеска турските медиуми.
Коча е осуден на 3 години, 7 месеци и 22 денови затвор за „намерно повредување“ на судијата на крајот од мечот со Ризеспор на 11 декември лани.
Непосредно по последниот судиски свиреж, Коча втрча на теренот и со тупаница го удри во главата Мелер. Откако падна на земја, главниот судија уште неколку пати беше удрен со нога, а потоа пренесен во болница.
Првиот човек на Анкарагучу беше уапсен ден по инцидентот, а кратко потоа отстапи од претседателското место во клубот.
На судското рочиште Коча се извини за инцидентот, но негираше дека на Мелер му се заканил со убиство. ег

ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан