• петок, 22 ноември 2024

Основните јавни обвинителства во државава ќе добијат 18 нови јавни обвинители кои денеска дадоа свечена изјава

Основните јавни обвинителства во државава ќе добијат 18 нови јавни обвинители кои денеска дадоа свечена изјава

Скопје, 30 мај 2023 (МИА) - Свечена изјава дека во вршењето на функцијата јавен обвинител ќе го почитуваат Уставот и законите и дека непристрасно и одговорно ќе ги заштитуваат слободите и правата на граѓанинот и интересите на другите правни субјекти, денеска пред Советот за јавни обвинители дадоа 18 обвинители. Свечена заклетва за основен јавен обвинител на Штип даде и обвинителката Татјана Кацарова.

Претседателот на Советот Антонио Јолески по потпишувањето на Изјавите, кои се одвиваа во две групи, им посака успех во работата и им порача да ја оправдаат функцијата јавен обвинител. Додаде дека со нивната работа очекува да се подобри перцепцијата за правосудството во државата.

null

Обвинителката Александра Станковска, која функцијата ќе ја извршува во ОЈО Велес, рече дека јавните обвинители се први кои се повикани да го гонат криминалот и дека токму поради тоа била нејзината одлука за оваа професија.

Нејзиниот колега Емрах Михтароски, пак, е нов обвинител во ОЈО Кичево и рече дека мотивот му е да придонесе во унапредување на состојбите во обвинителството и, како и неговата колешка од Велес, да придонесе за враќање на довербата во правосудството.

Обвинителот Стевчо Биновски, кој ќе биде трет обвинител во ОЈО Прилеп, очекува дека со неговото доаѓање ќе се подобри ефикасноста во работата и дека чесно и одговорно ќе ја извршува финкцијата јавен обвинител.

null

Обвинителите ќе бидат распоредени во 12 градови и тоа во ОЈО Битола - Борче Коруновски и Марија Чурлиновска, ОЈО Велес - Александра Станковска, ОЈО Гостивар - Илир Јакупи, Барлет Џафери и Александра Димоска, ОЈО Дебар - Анита Граждани Пачуку, ОЈО Делчево - Сузана Бошнаковска, ОЈО Кичево - Албулена Абази и Емрах Михтароски, ОЈО Куманово - Самир Акифи, ОЈО Охрид - Кристина Илиеска Атанасова, ОЈО Прилеп - Стевчо Биновски, ОЈО Свети Николе - Дарко Цветановски, ОЈО Струга - Ермира Муса-Нура, ОЈО Тетово - Илир Абдурахмани, Нина Димитриеска и Јетмир Беџети. бк/бак/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан