• сабота, 23 ноември 2024

Османи со Макрон за евроатлантската иднина на Косово и развој на билатералните односи

Османи со Макрон за евроатлантската иднина на Косово и развој на билатералните односи

Приштина, 12 јули 2024 (МИА) - Претседателката на Косово, Вјоса Османи, денеска се сретна со нејзиниот француски колега Емануел Макрон со кого разговарала за зајакнување на билатералните односи меѓу Косово и Франција, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во објава на нејзината страница на платформата „Х“, по средбата одржана на маргините на Самитот на НАТО в Вашингтон, Османи изјави дека со Макрон разговарала, меѓу другото, и за евроатлантската иднина на Косово.

- Содржаен разговор со претседателот Емануел Макрон на Самитот на НАТО во Вашингтон, за евроатлантската иднина на Косово, реформите во владеењето на правото и зајакнувањето на билатералните односи меѓу Косово и Франција, напиша Османи.

Османи во Вашингтон учествува во активностите во рамки на Самитот на НАТО, на кој се одбележува 75-годишнината од оваа организација, а се посветени на агендата за жените, мирот и безбедноста.

Таа, како што соопшти нејзиниот кабинет, учествувала и на завршната активност на Самитот, каде разговарала со претседателот на Соединетите Американски Држави, Џо Бајден, кому се заблагодарила за неговиот придонес и посветеноста на Косово. иа/
 

 
 
 

 

 

Остани поврзан