• четврток, 26 декември 2024

Османи во Радовиш и Штип: Да поставиме ѕид против изолацијата и блокадата

Османи во Радовиш и Штип: Да поставиме ѕид против изолацијата и блокадата

Скопје, 11 парил 2024


Караванот на Европскиот фронт денеска пристигна во Радовиш и Штип. Кандидатот за претседател Бујар Османи придружуван од првиот човек на Турската демократска партија (ТДП), Бејџан Иљјас оствари бројни средби со граѓаните и го претстави Декалогот на европскиот претседател.

Кандидатот на Европскиот фронт учествуваше и на отворањето на изборниот штаб на ТДП во Радовиш, а потоа и на партискиот митинг во Штип.

Османи им се заблагодари на граѓаните за поддршката: „Поддршката е најголемата чест во животот што ми ја давате. Ќе ја почитувам вашата поддршка со целото мое битие. Нема да ве разочарам“.

„Верувам дека оваа земја заслужува повеќе. Сакам сите заедници да успеат во и низ оваа држава. Затоа го формиравме овој Европски фронт. Да поставиме ѕид против национализмот, ѕид против изолација и блокада и да овозможиме европска интеграција. На овие избори не зборував за себе затоа што во рок од 7 години имавте можност да ме оцените“, рече Османи пред присутните.

Османи вети дека доколку ја добие поддршката, Северна Македонија ќе биде членка на ЕУ до 2030 година. Тој истакна дека тоа е единствената алтернатива за нашите деца да не бегаат од државата.

Османи во Радовиш и Штип, покрај средбите со граѓаните, оствари средби и со чаршиските еснафи, ги посети бизнисите од регионот и се запозна со проблемите, предизвиците и можностите за подобрување на економијата.

Прес тимот на кандидатот за претседател Бујар Османи

Фото: Прес тимот на кандидатот за претседател Бујар Османи

 __________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.


 
 

 

Остани поврзан