• петок, 22 ноември 2024

Осветен манастирот „Собор на Св. Архангел Михаил“ во каменичкото село Саса

Осветен манастирот „Собор на Св. Архангел Михаил“ во каменичкото село Саса

Македонска Каменица, 23 април 2023 (МИА) - Во селотоа Саса во Македонска Каменица денеска извршено е осветување на манастирот „Собор на Св. Архангел Михаил“. Голем број верници од каменичко денеска присуствуваа кај месноста Среден рид, во Аџиско Маало каде се наоѓа самиот манастир, кој беше осветен од владиката Иларион во сослужение со свештенослужители од Брегалничката епархија и свештенството при Светиот храм „Успение на Пресвета Богородица“ од Македонска Каменица.

Упатувајки го поздравот Христос Воскресна, брегалничкиот Митриполит истакна дека денес е посебен ден за Општина Македонска Каменица.

-Денес е посебен ден и за Брегалничката епархија, за целата Македонска православна црква и за целата Света православна црква. Денеска по Божја промисла по овие радосни паскални денови кога го славиме воскресението Христово ја славиме антипасхата, јавувањето на Господ повторно на учениците, го осветивме и храмот овде во Аџиско Маало во село Саса посветен на светиот архистратиг Михаил Гаврил. Ги осветивме и овие конаци и дај боже да постане место каде сите луѓе ќе постанат жив храм, славејки го Бога, сплотувајки се и соединувајки се, прославувајки го Бога да стасаме до вечен живот и Царство Небесно, нека е честито и благословено, рече владиката Иларион.

На настанот присуствуваше и градиначалникот на Македонска Каменица Димчо Атанасовски кој честитајки им ги празникот рече дека како локална самоуправа ќе продолжат да помагаат на секој кој ќе побара помош за изградба на вакви објекти.
 
Како што велат мештани, храмот е изграден со поддршка од донации на општествено-одговорни фирми и од самото население. Изразија надеж дека ова манастирско место ќе прерасне во атрактивен комплекс во кој посетителите ќе можат да уживаат во убавините на Осоговските планини. вс/мд/
 
Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан