• петок, 22 ноември 2024

Орхан Муртезани стапи на должноста министер за европски прашања

Орхан Муртезани стапи на должноста министер за европски прашања

Скопје, 24 јуни 2024 (МИА) -  Орхан Муртезани стапи на должноста министер за европски прашања по денешната средба во просториите на некогашниот СЕП, со поранешниот вицепремиер задолжен за ресорот за евроинтеграциите Бојан Маричиќ.

-И официјално ја прифатив функцијата министер за европски прашања. Им благодарам на граѓаните кои и дадоа доверба на Коалицијата ВЛЕН и на раководството на Алтернатива што ми ја доверија оваа функција. Сега преминуваме во дела, секогаш имајќи го предвид интересот на граѓаните, нивната определба за радикални промени и стратешкиот интерес на земјата за евроинтеграција, објави Муртезани на неговиот фејбук профил.

Со донесување на законот за реорганизација на Владата од новиот парламентарен состав, поранешниот Секретаријат за европски прашања прерасна во Министерство за европски прашања.

Орхан Муртезани е роден во Скопје на 07.06.1984 година. Дипломирал на Економскиот факултет при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје, а постипломски студии завршил на Универзитетот Мармара, Истанбул.

Од 2021 до 2023 бил генерален директор и претседател на УО на АД МЕПСО, а во 2019 и 2020 генерален директор и претседател на УО на АД Железници - Транспорт. Во неговата биографија стои и дека бил соосновач и директор на Оки Транс Логистик ДОО и директор на Центар ва демократија.

Од 2016 е портпарол на политичката партија Алтернатива.

Зборови албански, македонски, англиски и турски јазик. вг/лв/

Фото: Орхан Муртезани

Остани поврзан