• петок, 05 декември 2025

Орбан: Унгарија игра клучна улога во постигнувањето мир

Орбан: Унгарија игра клучна улога во постигнувањето мир

Будимпешта, 14 ноември 2025 (МИА) - Унгарскиот премиер Виктор Орбан денес изјави дека подготовките за мировниот самит на Русија и САД во Будимпешта се во полн ек и дека земјата може да игра клучна улога во постигнувањето мир.

„Не сакам да зборувам за деталите, бидејќи преговорите се во тек. Унгарија има вредност и придонес кон целта за мир“, рече Орбан, додавајќи дека Унгарија „ги држи дипломатските канали отворени за Русија“, изјави Орбан за Радио Кошут.

Тој истакна дека Унгарија е единствената европска земја која е во постојан контакт и преговори со Русија и дека тој лично може, „а понекогаш и би сакал“, да разговара со рускиот претседател Владимир Путин доколку е потребно.

Орбан нагласи дека способноста на Унгарија во овој процес може да придонесе за завршување на конфликтот и ја нагласи важноста на земјата како посредник во мировните напори.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан