• петок, 22 ноември 2024

Општина Чашка утре почнува со масовна проценка и репроценка на недвижностите

Општина Чашка утре почнува со масовна проценка и репроценка на недвижностите

Велес, 26 февруари 2023 (МИА) - Со обучени општински тимови, Општина Чашка од утре до наредните три месеци ќе извршува масовна проценка на недвижностите. Општинските тимови ќе ги посетат сите недвижни имоти во 41 населено место по однапред утврден распоред.

-Од 27 февруари до 15.март, секој работен ден ќе бидат опфатени населбите Чашка, Извор, Богомила, Мелница, Лисиче и Горно Врановци.Се информираат жителите од овие населени места кои поседуваат каков било недвижен имот, легален или нелегален, викендици, куќи или помошни објекти дека ќе бидат посетени, информира градоначалникот Горан Стојановски.

Тој појасни дека до мај ќе се изработи и пообемен електронски софтвер кој ќе биде лесно достапен за сите граѓани, а ќе понуди поточни и поажурни податоци за сопствен имот како и можности за електронска наплата на даноците и други јавно достапни информации од повеќе области за сите населени места.ад/бт/

Остани поврзан