• петок, 22 ноември 2024

Општина Чашка набави специјализирано повеќенаменско возило

Општина Чашка набави специјализирано повеќенаменско возило

Велес, 1 август 2024 (МИА) - Општина Чашка со средства преку Бирото за регионален развој набави специјално возило - камион за чистење на атмосферски и фекални канализации под висок притисок од 150 бари, чистење на септички јами преку вшмукување и перење на улици по населените места во целата Општина.

Возилото, како што информира за МИА градоначалникот на Чашка Горан Стојановски, е во вредност од 4 490 000 денари.

-Конечно  по 28 години од формирањето, Општина Чашка доби вакво толку посакувано и специјално возило за повеќе намени, а кое ќе го  користат екипи на  ЈПКД „Тополка“, за сите потреби во општината, потенцира Стојановски. 

Тој најави дека  Општина Чашка и понатаму  ќе продолжи да  набавува механизација преку која се модернизира и обновува возниот парк на ЈПКД „Тополка“ , а со што, како што потенцира, во буџетот на Општина Чашка ќе се остваруваат и долгорочни заштеди.

Информира дека Општина Велес веќе им го побарала на заем возилото за испумпување на загадените  води од велешко езеро „Младост“. ад/мд/

Фото: Општина Чашка

Остани поврзан