• понеделник, 23 декември 2024

Општина Чашка купи нов универзален багер - мини ровокопач

Општина Чашка купи нов универзален багер - мини ровокопач

Велес,31 јули 2024 (МИА) - Општина Чашка купи нов мини багер мини ровокопач на гумени гасеници (JCB ) за потребите на населените места во општината.

Набавката на ровокопачот е во вредност од 4.168 000 денари, средства обезбедени од општинската каса. Градоначалникот Горан Стојановски информира дека со новото возило ќе стопанисува ЈПКД „Тополка“.

- Набавката на ново возило доаѓа во период кога општина Чашка поради големината на теренот има големи издатоци во одржување на локалната патна инфраструктура преку чистење на канали,санирање на водоводни и канализациони дефекти како и за општи градежни зафати низ населените места во самата општина, појасни Стојановси.

Тој најави дека локалната власт на Општина Чашка ќе продолжи да набавува механизација преку која ќе се обнови возниот парк, ќе се остваруваат долгорочни заштеди во буџетот на општината, како и подобрување на степенот на животот на жителите од Општина Чашка. ад/цр

Фото: Општина Чашка

 

Остани поврзан