• понеделник, 23 декември 2024

Општина Струмица со модерна стратегија за развој, се планира издавање на општинска наменска обврзница

Општина Струмица со модерна стратегија за развој, се планира издавање на општинска наменска обврзница
Струмица, 17 март 2022 (МИА) - Во Стратегијата за локален економски развој на Општина Струмица за периодот 2022 до 2026 година значајно место треба да заземе издавањето на првата наменска општинска обврзница, која согласно актуелната енергетска состојба може да биде и зелена обврзница. Таков предлог даде градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов на денешната јавна консултација по овој развоен документ на локалната самоуправа. -Сигурен сум дека имаме одличен документ кој гарантира напредок по мерка на сите оние кои се дел од нашата заедница. Очекувам оваа јавна консултација да донесе плодна и конструктивна дискусија, од која ќе произлезат реални оценки и предлози кои ќе бидат во фунција на добивање документ каков што сите посакуваме. А она што со сигурност го знам, е дека Стратегијата нема да биде само „мртва буква на хартија“, туку главна алатка и патоказ за нашето идно четиригодишно работење, истакна градоначалникот Костадинов. Стратегија за развој во наредните четири години е изработена од Одделението за локален економски развој при Општина Струмица и Благица Л`скова, надворешен експерт. Овој документ треба да го усвои Советот на општината на некоја од наредните седници.рт/свс/

Остани поврзан