• понеделник, 23 декември 2024

Општина М. Каменица подготвува нов сообраќаен проект за улиците Македонска, Илинденска и Осоговска

Општина М. Каменица подготвува нов сообраќаен проект за улиците Македонска, Илинденска и Осоговска

Македонска Каменица, 17 октомври 2023 (МИА) – Општина Македонска Каменица ќе ги анимира граѓаните за новиот сообраќаен проект за регулирање на сообраќајниот режим на три улици во градот. За таа цел од Општината организираат јавна расправа со граѓаните закажана за претстојниот четврток.

- Ги известуваме граѓаните, дека на ден 19.10.2023 година, во четврток, со почеток од 10:00 часот во Домот на културата ќе се одржи состанок на кој ќе се презентира сообраќајниот проект за регулирање на сообраќајниот режим за улиците Македонска, Илинденска и Осоговска, истакнаа од Општина М. Каменица.

На состанокот е предвидено да учествува и градоначалникот на М. Каменица, Димчо Атанасовски, кој најави дека на настанот ќе бидат присутни и лицето одговорно за изработка на сообраќајниот проект, како и претставници од општината.

Состанокот како што потенцираа од Општината, претставува одлична можност каде граѓаните ќе можат со свои предлози и забелешки да учествуваат на презентацијата на сообраќајниот проект. вс/ир

 

Фото: МИА

Остани поврзан