Општина Маврово и Ростуше упати апел за строго почитување на забраната за движење во шуми
- Општина Маврово и Ростуше, која располага со богати шумски предели а во нејзини рамки е и Националниот парк „Маврово“ упати апел за строго почитување на забраната за движење во шуми и шумско земјиште.
Дебар, 29 јули 2024 (МИА) – Општина Маврово и Ростуше, која располага со богати шумски предели а во нејзини рамки е и Националниот парк „Маврово“ упати апел за строго почитување на забраната за движење во шуми и шумско земјиште.
Се напомнува дека апелот се упатува до постојаните жители, големиот број иселеници кои престојуваат во родниот крај, поранешните жители и нивните потомци кои летото го минуваат во селата на општината, како и намерите и случајни минувачи и гости.
- Упатуваме апел до сите да ја почитуваат оваа забрана за да не би дошло до несакани последици, апелира општината.
Ја пренесува и согласноста на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство донесена во согласност со Законот за шуми а со оглед на зголемената опасност од појава и ширење на пожари на отворен простор.
- Се воведува целосна забрана за движење во шума и на шумско земјиште во временскиот период од 6 до 20 часот. За непочитување на оваа забрана на физички лица кои се затекнати да се движат во шума и шумско земјиште, согласно член 106 од Законот за шумите, ќе им се изрече глоба од 1500 до 2000 евра во денарска противвредност, стои во денешната објава на општината. вт/ир
Фото: МИА