• петок, 22 ноември 2024

Општина Маврово и Ростуше исплати по 6 илјади денари за секое прваче

Општина Маврово и Ростуше исплати по 6 илјади денари за секое прваче

Дебар, 26 септември 2024 ( МИА) - На сметките на родителите на првачињата од основните училишта во општина Маврово и Ростуше денеска реализирана е  уплата на еднократна финансиска помош во висина од 6 илјади денари, што е двојно повисока од минатата година.

-Со уплатата на овие финансиски средства, од буџетот на општината, се надеваме дека ќе помогнеме во покривање на трошоците за опремување на нашите првачиња со потребен наставен прибор и материјали, изјави за МИА, градоначалникот Медат Куртовски.

Во општината функционираат четири основни училишта во кои за првпат на ученичка клупа, во оваа учебна година седнаа 37 првачиња. 

Од нив 11 се во ООУ „Хајан Селмани" во Ростуше, 8 во ООУ „Јосип Броз Тито" во Журовница, 13 во „Блаже Конески" и 5 во „Денче Дејаноски" во Маврови Анови.

- Како локална власт продолжуваме со доделување и на  еднократна финансиска помош за секое  новороденче и студент од општината. Износот сега е зголемен. За новороденче е во висина од 9 илјади,  додека за студент 10 илјади денари, рече Куртовски.

Претходно бебешкиот бонус изнесуваше 5 илјади денари,  додека еднократната помош за студентите 6 илјади денари. вт/дма/


Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан