• понеделник, 23 декември 2024

Општина Куманово: За одржување на безбедноста на градилиштето задолжена е фирмата изведувач

Општина Куманово: За одржување на безбедноста на градилиштето задолжена е фирмата изведувач

Куманово, 12 март 2024 (МИА) - Жена е повредена откако врз неа паднал метален предмет поставен од изведувач кој го реконструира малиот градски плоштад, во друг одделен случај оштетен е и автомобил, соопшти денеска кумановската полиција. Силниот ветер ги турнал заштитните метални предмети поставени од изведувачот на малиот градски плоштад.

- Вчера, во 13:04 часот во СВР Куманово, четириесет и седумгодишниот С.М. (47) пријавил дека на улицата „Маршал Тито“ во Куманово му било оштетено патничкото моторно возило „пежо“ со кумановски регистарски ознаки од паднат метален предмет. Исто така, во 13:00 часот во СВР Куманово било пријавено дека на истата локација паднал метален предмет и повредил едно лице, соопшти полицијата.

Увид бил извршен и се работи на расчистување на случајот. Од општина Куманово велат дека за безбедноста на градилиштата генерално и за конкретното, за малиот градски плоштад задолжена е фирмата изведувач. Од секторот за комунални дејности се повикуваат на договорот склучен со фирмата изведувач во кој покрај останатите обврски е наведено дека носителот на набавката е должен да спроведе и мерки за заштита при работа.

Откако почна санацијата на плоштадот, поставена е заштитна ограда и оставена е мала пешачка зона од страна на центарот за култура. Куманово за реконструкцијата на плоштадот одвои над 47, 5 милиони денари со вклучен данок на додадена вредност. ам/сст/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан