• четврток, 04 декември 2025

Општина Кратово организира забавна детска олимпијада 

Општина Кратово организира забавна детска олимпијада 

Кратово, 14 август 2025 (МИА) - Втора година по ред Општина Кратово ќе организира забавна детска олимпијада што од 18 до 22 август ќе се одржи на спортскиот терен „Мусала“.

-Со радост го најавуваме настанот посветен на најмладите жители на нашата општина, каде спортот, дружбата и насмевките се во прв план. И оваа година на десетина дена пред почетокот на новата учебна година, од 18 до 22 август 2025 година во попладневните часови, спортското игралиште „Мусала“ ќе биде место каде децата ќе имаат можност да учествуваат во различни спортски и забавни активности: игри со топка, трки, игри на прецизност, фудбал, кошарка, одбојка и други, со мали изненадувања за сите учесници, информира Катерина Пешевски од Општина Кратово.

Настанот има за цел да ги поттикне најмладите да се дружат, да се натпреваруваат во фер дух, да развиваат тимска работа и да се забавуваат.

-Забавната детска олимпијада се реализира во соработка со УСК „Кочо Рацин“ Кратово, со финансиска поддршка од неколку спонзори. Општина Кратово ги поканува сите родители, баби, дедовци и пријатели да дојдат и да ги бодрат малите олимпијци и заедно да создадеме прекрасни моменти за паметење, додаде Пешевски.ид/вј/

Фото: Општина Кратово 

Остани поврзан