• вторник, 24 декември 2024

Општина Кисела Вода со културно-забавни случувања ќе го одбележи 68. роденден

Општина Кисела Вода со културно-забавни случувања ќе го одбележи 68. роденден

Скопје, 18 јуни 2023 (МИА) - Со слоганот „68 години - Бескрајна приказна која станува се подобра“ Општина Кисела Вода следниот четврток, на 22 јуни, го започнува Културното лето и одбележувањето на својот роденден со низа културно-забавни случувања кои со роденденската забава на 29 јуни. Од општината информираат дека на тридневната прослава ќе настапуваат низа македонски изведувачи, уметници и за крај, големата балканска ѕвезда Петар Грашо.

Како што соопштија од Општина Кисела Вода, Културното лето ќе се одвива во три фестивалски вечери, на 22, 23 и 24 јуни, на две локации - во Расадник - просторот спроти ООУ „Кирил Пејчиновиќ”  и на Три круши во Драчево.

Отворањето е закажано за четврток, 22 јуни во Расадник. Од 21 часот Диџеј сет ќе има DJ Mats, а по него, од 22 часот следи концерт на Два Бона. Културното лето на Општина Кисеа Вода,  утредента, на 23.06., петок, продолжува на Три Круши во Драчево, каде ќе настапат КУД Китка, Сузана Спасовска и Миле Кузмановски.

Последниот ден, сабота, 24 јуни во Расадник, денот ќе започне со богата детска програма во која се вклучени аниматори, забавувачи, децата од сите детски градинки, а во игрите без граници ќе можат да се приклучат и децата кои ќе одлучат да дојдат на настанот како публика.

- На истата локација, во Расадник, од 21 часот стартува финалната вечер. За одлична журка ќе се погрижи познатиот Жаре Бербер со Галама бенд, а по него следи голем концерт на една од најпопуларните музички ѕвезди на овие простори. По Сплит арената, по преполнетата Загребска арена, Петар Грашо ќе ги пее своите безвременски хитови пред жителите на Кисела Вода и пред сите оние кои можеби не се од нашата општина, но уживаат во музиката на овој хрватски романтичар, велат од Општина Кисела Вода.

Пет дена подоцна, на 29 јуни, Општина Кисела Вода ќе го одбележи својот 68-ми роденден за кој се предвидени манифестацијата Битка на бендови, а вечерта, после сетот на DJ Mats, на сцената во Расадник, концерт ќе има групата Нокаут, која преку своето 25 годишно постоење испиша историја во македонската музичка приказна.

- Во меѓувреме, ја задржуваме традицијата отпочната минатата година, па во деновите помеѓу културното лето и роденденот, да бидат промовирани, отпочнати или завршени голем број на поголеми инфраструктурни проекти. Како локална самоуправа, сакаме да истакнеме дека ова е само дел од она што ќе го одбележи месец јуни во општина Кисела Вода. Многу повеќе детали, изненадувања, како и целосната листа на изведувачи ќе биде презентирана во среда, на прес конференција, се наведува во соопштението од општината. сх/дма/

Фото: Општина Кисела Вода

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан