• понеделник, 23 декември 2024

Општина Кисела Вода: Првата статуетка за трајни заслуги, годинава ја доби Наум Бурназ

Општина Кисела Вода: Првата статуетка за трајни заслуги, годинава ја доби Наум Бурназ

Скопје, 26 јуни 2024 (МИА) - Доајенот на македонската опера и познатиот изведувач на македонски староградски и забавни мелодии, најпознатата „Бор садила мома Евгенија“, Наум Бурназ е првиот кој годинава доби статуетка - клуч од градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, соопштија вечерва од локалната самоуправа.

- Ова признание што се доделува секоја година во рамки на чествувањето на роденденот на општината за трајни заслуги во развојот и афирмацијата на Општина Кисела Вода, Наум Бурназ ја доби во својот дом, заедно со роденденска торта, на денот на својот 84-ти роденден. А тој, на градоначалникот му подари своерачно потпишан албум, појаснуваат од локалната самоуправа.

Во писмената изјава на градоначалникот, тој истакнува дека имал можност да го запознае и семејството на Бурназ.

- Ако говориме за македонска музика, тогаш сигурно мислиме на Наум Бурназ. Имав голема чест да му честитам роденден на неповторливиот глас на македонската музичка сцена, човекот кој ги испеја песните за Патрикот, за Методи Патче, за светото име македонско, човекот кој беше протеран за неговата љубов кон Македонија и така натаму. Да му доделам и клуч на општината како наш заслужен жител, признание за неговата вековна борба за Македонија преку неповторливиот македонски мелос. Имав и прекрасна можност да го запознаам неговото семејство, деца и внуци, од кои и Мирјана Бурназ, која го носи неговиот ген и денес е магистер по отсек пеење во Германија. Искрено се гордеам на ова семејство кое продолжува да го работи оној аманет на Наум Бурназ и од мене секогаш ќе ја имаат поддршката, пишува во изјавата.

Според градоначалникот Ѓорѓиевски, Наум веќе влегол во легендите и оставил неизбришлива трага на македонскиот медиумски простор. бд/дма/

Фото: Општина Кисела Вода

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан