• вторник, 26 ноември 2024

Општина Кисела Вода објави јавен повик за онлајн достава од економски оператори - маркети

Општина Кисела Вода објави јавен повик за онлајн достава од економски оператори - маркети
Скопје, 9 април 2020 (МИА) - Општина Кисела денеска објави јавен повик за онлајн работа за достава на неопходни прехранбени намирници од економски оператори и маркети кои работат на нејзината територија. Како соопшти денеска општината, сите заинтересирани може да се пријавуваат на електронската адреса: contact@kiselavoda.gov.mk, додека пријавата за јавниот повик, која е потребно да се пополни и испрати најдоцна до утре, до 12:00 часот може да ја симнат на следниот линк: https://www.kiselavoda.gov.mk/index.php/naslovna/9-novosti/2671-online. -Општина Кисела Вода продолжува да работи во насока на справување со вирусот „Ковид – 19. Во овие тешки времиња, со цел за успешно, побрзо справување со вирусот, Општина Кисела Вода замолува за почитување на мерките и препораките дадени од Владата и Министерството за здравство, се наведува во соопштението на Општина Кисела Вода.бт/са/

Остани поврзан