• понеделник, 23 декември 2024

Општина Кисела Вода започнува со изградба на велосипедски патеки

Општина Кисела Вода започнува со изградба на велосипедски патеки
Скопје, 27 август 2022 (МИА) - Општина Кисела Вода започнува со изградба на велосипедски патеки. На потегот помеѓу улицата “Жванска” и улицата “Бихаќка”, се гради велосипедска патека во должина од 600 метри и ширина од 1.20 метри. Како што информираат од Општината, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денеска извршил увид во градежните работи на улицата “Наум Охридски” во Црниче. -Денес на улицата “Наум Охридски” во населбата Црниче градиме велосипедска патека, како почеток на планираното создавање на велосипедска инфраструктура низ Општина Кисела Вода. Се работи за простор во должина од околу 600 метри, предвиден за сите оние кои кои велосипедот го користат во своето секојдневие, за спорт и рекреација или како превозно средство. Велосипедски патеки ќе има и на новата делница од булеварот „Борис Трајковски“, која е во изградба, на потегот од крстосницата во Пинтија до Драчево, вели Ѓорѓиевски. Информира дека веќе се нарачани проекти и за останатите делови низ Општината и етапно ќе се постапува во насока на зголемување на мобилноста на велосипедистите и овозможување безбедност и ефикасност на велосипедскиот сообраќај. -Паралелно, разгледуваме можни сообраќајни решенија за изградба на мрежа на велосипедски патеки и на повеќе други локации низ целата општина, со цел да го искористиме целокупниот инфраструктурен потенцијал. Велосипедот е најеколошкото превозно средство, кое воопшто не предизвикува загадување на воздухот, не создава сообраќаен метеж, а воедно е и најевтиното средство за транспорт, што секако е многу важно во периодов на енергетска и финасиска криза во која живееме. Унапредувањето на велосипедскиот сообраќај во Кисела Вода е мое ветување дадено пред граѓаните, дел од младинските барања на кои се обврзав и, како што гледате, активност која веќе активно ја спроведувам на терен, истакнува градоначалникот Ѓорѓиевски. свс/вг/

Остани поврзан