• петок, 28 јуни 2024

Општина Карпош на меѓународна конференција за енергетска ефикасност

Општина Карпош на меѓународна конференција за енергетска ефикасност
Скопје, 30 март 2021 (МИА) - Општина Карпош го претстави своето искуство преку мерки и стимулации кои ги применува во областа на енергетската ефикасност, на настанот на тема „Добра практика на енергетски ефикасна градба на приватна болница во општина Карпош“. Локалната самоуправа учествуваше на меѓународната конференција „Towards nearly zero energy hospitals” која деновиве се одржа во рамки на проектот „ZenHBalkan - болници на Балканот со енергија близу нула”. - На конференцијата беа прикажани повеќе искуства од изградба на енергетско ефикасни болници во Грција, Бугарија, Република Северна Македонија, Албанија и Кипар, кои воедно се и земји партнери во проектот, а членовите на извршниот персонал и експерти од партнерските организации ги презентираа реализираните активности и резултатите од проектот ЗенХ – Балкан, соопшти Општина Карпош. Проектот е поддржан од Европската Унија преку програмата Balkan-Mediterranean, а партнери во него се: Демокрит Универзитетот во Тракија, Одделот за инженерство на животната средина од Ксанти, Грција, ЦеПроСАРД од Северна Македонија, Албафорест од Албанија, Софија енергетски центар ДОО од Бугарија и Институт Кипар од Кипар. хс/дма/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан