Дебата „Унапредување на правото на здравје за лицата со попреченост“
- - Спроведеното испитување на јавното мислење покажа дека лицата со попречености и нивните семејства се соочуваат со сериозни системски бариери и предлагаат измени на Законот за здравствената заштита и на Законот за социјалната заштита како клучен чекор кон надминување на предизвиците - информираат организаторите на настанот.
Скопје, 25 февруари 2026 (МИА) - Во Собранието денеска ќе се одржи настан на тема „Унапредување на правото на здравје за лицата со попреченост“, на кој ќе бидат презентирани наодите од анализата за предизвиците со кои се соочуваат семејствата на лицата со попреченост, како и можните решенија поврзани со нивниот медицински третман.
Како што информираат од собраниската прес-служба, настанот е во организација на Интерпартиската парламентарна група (ИППГ) за правата на лицата со попреченост, во соработка со „Зета“ - организација на попреченост и правда, Здружението на лицата со церебрална парализа и други попречености - Велес, „Порака“ - Неготино и „Екоживот“ - Кавадарци. Дел е од проектот „Соочување со предизвиците и стигматизацијата“, чиј цел е подобрувањето на здравствената заштита на лицата со попреченост на сите три нивоа на здравствениот систем.
- Спроведеното испитување на јавното мислење покажа дека лицата со попречености и нивните семејства се соочуваат со сериозни системски бариери и предлагаат измени на Законот за здравствената заштита и на Законот за социјалната заштита како клучен чекор кон надминување на предизвиците - информираат организаторите на настанот. фф/лв/
Фото: МИА Архива