• среда, 03 јули 2024

Општина Карпош извршува санација на плочникот во ТЦ „Лептокарија“

Општина Карпош извршува санација на плочникот во ТЦ „Лептокарија“
Скопје, 3 август 2021 (МИА) – Деновиве се врши санација и замена на плочки во трговскиот центар „Лептокарија“ во Карпош 3,  а потоа изведбените работи ќе продолжат и на другите плоштади каде што искршените и изместени плочки ќе се заменат со нови, информираат од Општина Карпош. Реконструкцијата, како што се наведува во соопштението,  е започната од крајот на минатата недела и тоа на пешачкиот дел на плоштадите на територијата на општината. Изведувач на работите е фирмата „Изградба Комерц“, а се очекува реконструкциите да траат околу еден месец.свс/дма/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан