• петок, 22 ноември 2024

Општина Илинден го објави Годишниот извештај за работењето во 2022 година

Општина Илинден го објави Годишниот извештај за работењето во 2022 година

Скопје, 6 февруари 2023 (МИА) - Општина Илинден изготви Годишен извештај за работењето во 2022 година во кој се објавени поголем дел од проектите на кои се работеше во текот на изминатата година, а се од областа на комуналната и патната инфраструктура, животната средина, образованието, културата, спортот и уште многу други, информираат од локалната самоуправа.

Како што посочуваат, градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски во воведното обраќање кон граѓаните посочи дека изминатата 2022 година се реализираа голем број на проекти кои придонесоа за подобрување на животот на граѓаните во општината.

-Во рамки на своите финансиски можности, како и пандемиската и енергетско-економската криза која се случи во светот, а ја опфати и нашата општина сметаме дека 2022 година е успешна и треба да бидеме горди на сработеното во неа, велат од општина Илинден.

Годишниот извештај за работењето за 2022 година може да се најде на линкот:

https://ilinden.gov.mk/download/izveshtaj-za-rabotenjeto-na-opshtina-ilinden-2022/вј/аа/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан