• понеделник, 23 декември 2024

Општина Делчево организира Буџетски форум за планирање на буџетот за 2025 година

Општина Делчево организира Буџетски форум за планирање на буџетот за 2025 година

Делчево, 18 ноември 2024 (МИА) - Општина Делчево организира Буџетски форум на кој граѓаните ќе имаат можност директно да се запознаат и да дискутираат за реализацијата на буџетот на општина Делчево за тековната 2024. За таа цел, денеска градоначалникот на Делчево упати отворена покана до граѓаните да земат учество на првата форумска сесија, на која ќе можат да даваат предлози за планирање на буџетот за следната, 2025 година.

- Имам чест и задоволство да ве поканам на првата форумска сесија која ќе се одржи на 26.11.2024 (вторник) во мултифункционлниот центар во спомен дом АСНОМ, Делчево со почеток во 12.00 часот. Преку буџетскиот форум жителите на општина Делчево на форумските сесии ќе имаат можност да се запознаат и да дискутираат за реализацијата на буџетот на општина Делчево за тековната 2024, но и да даваат предлози за планирање на буџетот за следната, 2025 година, вели градоначалникот Горан Трајковски. 

На првата форумска сесија, како што додаде, присутните ќе имаат можност да предлагаат, дискутираат и одлучат кои се приоритетни програми и проекти од буџетот за подобар развој на општината. 

- Решивме една недела порано да ги информираме граќаните со цел информацијата да допре до што погоем број граѓани за учество во овој форум. Целта на алатката „Форуми во заедницата“ е да го поддржи процесот на децентрализација и да овозможи учество на граѓаните во развојот на заедницата на локално ниво. Оваа можност претставува платформа за развој што им овозможува на граѓаните, прво, да го подобрат својот живот со сопствени идеи и учество во процесот на донесување одлуки на локално ниво и второ, администрацијата да развие отчетно локално управување преку учество, одговорност и доверба, додаде Трајковски. 

Присуството на жителите, здруженијата на граѓани, бизнис зедницата и претставниците на институциите, како и нивното активно учество на сесиите, според градоначалникот на Делчево, ќе биде од особено значење за успешно спроведување на буџетскиот форум и ќе даде голем придонес за креирање на буџетот на општина Далчево. вс/цр


Фото: Општина Делчево

Остани поврзан