• петок, 05 декември 2025

Општина Дебар објави Јавен повик за членови на Локалното собрание за млади

Општина Дебар објави Јавен повик за членови на Локалното собрание за млади

Дебар, 25 април 2025 (МИА) – Согласно член 17 од Законот за младинско учество и младински политики и Статутот на општина Дебар, Иницијативниот одбор  при Општина Дебар распиша јавен повик за членство во Локалното собрание за млади.

- Повикот е отворен за сите младински организации, организации за млади, политички подмладоци, ученички и студентски организации и други облици на младинско здружување кои ќе ги исполнат предвидените критериуми, стои во повикот.

Во однос на критериумите, апликантите треба а имаат активности на територијата на Општина Дебар, да се основани и активни најмалку една година пред објавата на овој повик, да се жители на Општина Дебар и да се на возраст од 15 до 29 години.

- Задача на членовите на Локалното Собрание на млади ќе биде меѓу другото да работат на спроведување на активностите на Собранието и да учествуваат во подготовка на документи а работата на истото се координира и помага од страна на службеникот за млади во Општина Дебар, се додава во повикот.

Се посочува дека конкретните цели, задачи и начин на работа на членовите на Локалното Собрание на млади се опишани и објаснети во Прирачникот за Локални младински совети, донесен од страна на Агенцијата за млади и спорт.

Рокот за пријавување е  до 2 мај а пријавите со потребните документи се доставуваат на е- маил: dibra@dibra.gov.mk или  во архивата на Општина Дебар, ул. „8-Ми Септември“ бр. 72, 1250 Дебар, со назнака: Апликација за членство во локалното Собрание  на млади. вт/цр


Фото : МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан