Општина Дебар лани потрошила околу 30 милиони денари за подобрување на патната инфраструктура
- За изградба, реконструкција, одржување и заштита на општинските патишта и улици на подрачјето на општина Дебар, во текот на минатата година потрошени се средства во износ од 29 милиони и 885 илјади денари.
Дебар, 3 јануари 2024 (МИА) - За изградба, реконструкција, одржување и заштита на општинските патишта и улици на подрачјето на општина Дебар, во текот на минатата година потрошени се средства во износ од 29 милиони и 885 илјади денари.
- Најголем процент од средствата се потрошени за првата фаза од целосната реконструкцијат на улична мрежа во населба „Венец 1“, каде за првпат беше изградена и атмосферска каналзиација, за што се потрошени 119.500.000 денари. За реконструкција на локален пристапен пат од раскрсницата со локален пат село Бомово до село Сушица 5.222.857 , додека за крпење ударни дупки по општински патишта и улици во градот и селатата 2.949.948 денари, потврдуваат од секторот за урбанизам и комунални дејности.
Додаваат дека врз основа на зацртаните активности минатата година за зимско одржување на улиците и патиштата во градот и по селата потрошени се средства во износ од 1.520.251 и за изготвување проекти и студии 711.575 денари.
Што се однесува до приходите 19,5 милиони се донација од Светска банка, 5,2 милиони од Министесртвото за локална самоуправа-Биро за регионален развој, околу 5,3 милиони партицијација од Општината и населението и околу три милиони денари од Јавното претпријатие за државни паишта.
Инаку, општината планирала приходи во износ од 51,6 а реализирани се 32,8 милиони денари. вт/цр
Фото: МИА