• среда, 04 февруари 2026

Општина Гостивар започна со реконструкција на улицата „Борче Јовановски“

Општина Гостивар започна со реконструкција на улицата „Борче Јовановски“

Гостивар, 28 јануари 2026 (МИА) – Од локалната самоуправа информираа дека почнаа работите на реконструкција и уредување на улицата „Борче Јовановски“, која минува низ централното градско подрачје.

Кракот кој води од некогашното мало пазарче до кејот на Вардар во наредниве денови нема да се користи за автомобилски сообраќај.

Од Општина Гостивар посочуваат дека станува збор за проектот кој опфаќа целосна реконструкција на патниот сегмент во должина од 250 метри.

- Овој зафат има за цел подобрување на урбаната инфраструктура, зголемување на безбедноста во сообраќајот и создавање подобри услови за пешаците и учесниците во сообраќајот, велат од Општина Гостивар.

Оттаму упатуваат апел до граѓаните за разбирање додека се изведуваат градежните работи и се гарантира дека проектот ќе биде завршен во предвидените рокови, во согласност со техничките стандарди. згм/мд/

фото: Општина Гостивар

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан