• понеделник, 23 декември 2024

Општина Гостивар започна кампања за отчетност

Општина Гостивар започна кампања за отчетност

Гостивар, 2 ноември 2023 (МИА) – Првиот човек на општина Гостивар објави почеток на кампања чија цел е да информира за сработеното во изминативе две години, период откако раководи во вториот мандат.

Преку профилот на градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари на социјалната мрежа Фејсбук се наведува дека започна кампањата „Општина на работа #2 години“ Преку неа граѓаните ќе се информираат за изведените работи и активности во текот на две години раководење со локалната самоуправа.

Според објавата, на овој начин ќе се овозможи отчетноста и транспарентноста пред граѓаните кои втор пат го избраа Арбен Таравари за прв човек на општина Гостивар.

Во текот на кампањата, низ објави локалната власт ќе информира за проекти и завршени работи кои биле финансирани и реализирани од општината и општинските јавни претпријатија во инфраструктурата, образованието, културата, социјалната заштита и други области кои се во надлежност на локалната самоуправа.згм/лв/

Остани поврзан