• понеделник, 23 декември 2024

Општина Богданци ќе реконструира шест улици во Стојаково

Општина Богданци ќе реконструира шест улици во Стојаково
Гевгелија, 14 јуни 2021 (МИА) - Во рамки на проектот за подобрување на сообраќајната инфраструктура во подрачја со специфични развојни потреби, Општина Богданци доби финансиски средства за реконструкција на улици во Стојаково. Од локалната самоуправа потврдија дека надлежната служба аплицирала за средства со кои ќе се реконструираат шест селски улици во Стојаково за што на Општината и се одобрени три милиони денари од Министерството за локална самоуправа и Бирото за регионален развој. - Доделените средства во определениот износ ќе ги потрошиме за уредување на селски улици во вкупна должина од 1.235 метри во кои ќе бидат вградени павер елементи со дебелина од осум сантиметри. Другите финансиски средства што ќе бидат потребни за целосно реализирање на проектот за подобрување на сообраќајната инфраструктура во Стојаково ќе ги обезбедиме од Буџетот на Општина Богданци, информира градоначалникот Блаже Шапов. Ова е едно од приоритетните барања на локалните жители од Стојаково со што значително ќе се подобрат условите за живот во населеното место. им/сп/

Остани поврзан