• петок, 05 декември 2025

Општина Битола членка на Алијансата „Green Mayors“ од Западен Балкан

Општина Битола членка на Алијансата „Green Mayors“ од Западен Балкан

Битола, 22 септември 2025 (МИА) - Општина Битола стана членка на Алијансата „Green Mayors“ во која членуваат 19 општини од државите во Западен Балкан.

На денешното основачко собрание што се одржа во албанскиот град Драч, утврдена е регионална платформа за забрзување на зелената транзиција преку општинско лидерство и прекугранична соработка, информираа од Општина Битола.

- Потпишувањето на заедничката соработка се одржа на Форум на „зелени“ градоначалници во Драч, што го организацираше на OSF–WB (Фондација Отворено Општество – Западен Балкан), а на кој учествуваа повеќе од 100 општински лидери, претставници на училишта, организации на граѓанското општество и експерти за енергетика. Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, на панел дискусијата посветена на градоначалниците од регионот го истакна проектот „Сончеви училишта“ и слични иницијативи покажуваат како промените можат да се случат на ниво на заедницата, соопштија од Секторот за односи со јавност во Општина Битола.

Општина Битола според реализираните проекти и иницијативи, за енергетска ефикасност и зелени решенија е високо позиционирана меѓу градовите од Западен Балкан. мт/бак/

Фото: Општина Битола

Остани поврзан