• петок, 22 ноември 2024

Општина Битола со 16 апликации на владиниот повик за инфраструктурни проекти

Општина Битола со 16 апликации на владиниот повик за инфраструктурни проекти

Битола, 11 септември 2024 (МИА) - Општина Битола достави 16 апликации со инфраструктурни проекти за финансирање по јавен повик објавен од Владата на Република Северна Македонија.

Проектните апликации потпишани од градоначалникот Тони Коњановски се со комплетно подготвена проектна документација и во вредност од над 4 милиони евра.

Станува збор за изградба и реконструкција на улици во должина од над 10 километри на територијата на цела општина, изградба и реконструкција на атмосферска и фекална канализациона мрежа во должина од 2,5 километри, како и водоводна мрежа во должина од околу 6 километри. Проектите опфаќаат и поставување на ново училишно осветлување, како и енергетски ефикасна фасада на едно основно училиште, соопштија од тамошната локална самоуправа.

Општина Битола аплицираше и за изградба на Центар за спорт и рекреативни активности, како и за санација на јужната трибина и поставување ограда околу фудбалскиот стадион „Петар Милошевски“. мт/сст/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан